Сам дома

Децата не треба да останат сами дома, посебно ако не се подготвени за тоа. Најраната возраст за самостојно престојување дома кај децата, според психолозите е  прво одделение. Но, не сите деца се подготвени на овој чекор. Она на што треба да се внимава се зрелоста на детето, како и постапното навикнување и развивање на самостојност. Неподготвеноста за самостојност може да предизвика последици во емоционалниот развој како што се несигурност, анксиозност, па дури и агресивност.

По правило, децата кои се поттикнуваат на самостојност во рана возраст, на 7 години ќе бидат подготвени да останат сами, час до два.  Спротивно на ова, дете кое е навикнато родителите се да прават за него,  нема лесно да се подготви да остане само дома.

Најдобрата тактика за самостојност се вежбите „сам дома“.  Треба да се започне со половина час, а родителите да бидат во близина.

Децата често на одредена возраст, посакуваат да останат сами дома, за да се покажат во светло на возрасен човек. Но, кога желбата се реализира, може да се случи панична ситуација.

Најприкладна возраст за осамостојување е 9 или 10 години. Осамостојувањето е успешно ако се планира добро. Во планот мора да се вклучат одредени домашни правила од типот: користење на интернет, заклучување на вратата, одговарање на непознати, посета на детските пријателчиња, начин на користење на кујната и слично.

И секако, најважно е да не ги заборавите пораките или писмата со љубов или поддршка. Тоа ќе им значи, најмногу од се.