ИНТЕРВЈУ НИНА ЈАНЕВА: Не сакам класична свадба, наместо турбофолк ќе слушаме хип-хоп

Семејството на Александар е речиси двапати поголемо од моето, што значи дека ќе организираме провод за сите генерации. За датумот уште не размислуваме бидејќи сме во фаза на средување на домот и планови за стартување сопствен бизнис. Веројатно ќе биде некаде кон септември, открива познатата пејачка Нина Јанева сними видеозапис кој ќе го промовира до крајот на месецов. Позираше пред објективот на Зорица Николова, а првите фотографии одлучи да ги сподели токму со читателите на „Женски Магазин“. Познатата пејачка која лани во мај се вери со Александар Николовски ни ги откри плановите за семејната веселба и сподели уште неколку интересни моменти од приватниот живот. [caption id="attachment_11444" align="aligncenter" width="651"] Нина Јанева пред објективот на Зорица Николова[/caption] Женски Магазин Како Ви почна годината? Прифативте ли некој празничен ангажман со бендот што Ве придружува или ноќта ја поминавте со најблиските? Нина - За Нова Година никогаш не прифаќам настани. Овој период од годината ми е посебен и сакам максимално да уживам со пријателите и семејството. И во новата година продолжуваме со редовната петочна агенда во „Пивница Стар Град“ каде сме резидент веќе четири успешни години и за ништо на светов не би го сменила мојот втор дом. Сè почести се и ангажманите во Камарите во Битола, градот на мајка ми каде веќе почнавме да се чувствуваме како дома. Приватните забави се веќе закажани, што значи Нина и „2ExiT“ ќе имаат интересна 2018 година. Женски Магазин * Сте се соочиле ли со некоја непријатна ситуација на Вашите свирки? Нина- Имало непријатни ситуации. Некои од страна на индивидуалци во публиката, некои со таканаречените и самопрогласените менаџери кои слушнале за организација на настани па почнале да го работат тоа, а не знаат кај тераат. Системот на функционирање ми е пред сè да не бидам некултурна, но само до одредена граница. [caption id="attachment_11445" align="aligncenter" width="650"] Нов имиџ во новиот спот[/caption] Женски Магазин * Сè повеќе естрадни уметници неизвесноста која ја носи комерцијалната сцена ја заменија со сигурно работно место. Како е со Вас? Нина- Веќе тринаесет години работам и имам кариера настрана од музичката. CV-to од единаесет страни не е баш лесно за билдање. Музиката ми била, ми е и секогаш ќе ми остане прва љубов и хоби. Освен, ако за година дена не се донесе Закон за заштита на изведувачки права, па да почнеме да живееме само од музика. Или не?! Женски Магазин * Често на социјалните мрежи ги споделувате своите ставови за различни социјални и општествени случувања. Што најмногу му недостасува на „Градот убав“ за младите да можат да имаат едно пристојно секојдневие? Нина- Пари. Мани. Динеро. Ништо не е поважно од здравјето, ама нашата генерација си го уништи заради немање насока во оваа држава и заради немање доволно средства. Многумина и навистина не знаат што да работат или пак како. Домашното воспитување би го издвоила како вечен проблем на транзициска Македонија од каде изникнаа еден куп социјални девијации. Образованието почнаа да си го купуваат преку ноќ и никој нема контрола врз побарувачката на работна сила на нашиов измачен пазар во однос на обучениот кадар што излегува од училиштата или универзитетите. Има многу на оваа тема, не би да уништувам празници (се смее). [caption id="attachment_11446" align="aligncenter" width="650"] 2018-та дефинитивно ќе биде нејзина година[/caption] Женски Магазин * Лани во мај ја објавивте свршувачката со Александар. Кога ќе ја официјализирате врската? Нина- Јас и не сум некој свадбар. Но, секако ќе има свадба. За датумот уште не размислуваме бидејќи сме во фаза на средување на домот и планови за стартување сопствен бизнис. Веројатно ќе биде некаде кон септември. * Каква веселба планирате? Дали сте повеќе за класична свадба или сепак планирате нешто поинтимно? Нина Јас сум за некласична свадба со вистински луѓе. Ќе има и традиционална македонска музика, секако без турбофолк и непотребни моменти. Семејството на Александар е големо, речиси двапати поголемо од моето, што значи дека планирам провод за сите генерации. Планот ми е вечерта да ја носат неколку наши познати диџеи кои ќе пуштаат back to back олдскул хип-хоп. Тоа е мојата замисла за неконвенционална свадба. Ќе бидете навремено известени и поканети. [caption id="attachment_11447" align="aligncenter" width="654"] Нина и Александар размислуваат за сопствен бизнис[/caption] Женски Магазин * Како се запознавте со Александар? Нина- Александар и неговиот брат Боби беа во друштвото на другар ми Дејан со кого пред шест години одлучивме да настапуваме во живо и на кого, патем, му должиме пар чевли или патики како што е редот. Една ноќ разговори беа пресудни да знам дека има едни очи во ова друштво, што ги сакам за себе. Беше многу тивок. Станавме многу добри другари. Деноноќно заедно. Заради недоразбирање, по две години престануваме да комуницираме. Во септември 2015, Александар се врати од странство каде живееше и работеше неколку години и се врати во мојот живот. Среќата беше неизмерна. Женски Магазин * Како Ве побара за жена? Нина- Во приватност. Онака како што замислував дека еден ден ќе се случи. Стигнав од настап од Тетово околу еден часот по полноќ. Живееме заедно и ме изненади што сè уште беше буден. Среќата што ја почувствував во тие моменти и која од ден во ден ми е сè поголема посакувам сите да ја доживеат. Александар ми го подари најубавиот момент во животот, благодет да почувствувам вистинска љубов. Прифатив низ солзи и радост. За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов