Актерка која го сруши својот рекорд на „Оскар“ номинации

Актерката Мерил Стрип е повторно номинирана во категоријата „Најдобра актерка во главна улога“ за улогата во остварувањето „The Post“. Ова е 21-ва номинација за „Оскар“ на Стрип со што го сруши рекордот кој претходно исто така таа го постави. Сега, таа има девет повеќе од Џек Николсон и Кетрин Хепберн, кои го делат второто место.

Хепберн е единствената жена што има освоено четири „Оскари“, додека Стрип и Николсон имаат по три, исто колку и Ингрид Бергман и Дениел Деј Луис, кој исто така е номиниран за престижната награда.

Номинациите за 90-тото издание на манифестацијата беа изненадување. Многумина очекуваа дека филмот „Wonder woman“ ќе се најде меѓу номинираните, како и актерот Џејмс Франко за улогата во „The Disaster Artist“.