Ана Ивановиќ жена скорпија-Вистинската Афродита на белиот спорт

Ана Ивановиќ родена на 6 ноември 1987 во Белград е професионална српска тенисерка која е скорпија во хороскоп. Таа во подзнак е Водолија. Оваа комбинација на знак и подзнак укажува на јасни животни цели, силна желба за успех и многу силна ментална сила. Положбата на Сонцето во симбиоза со Плутон открива дека е многу амбициозна, одлучна, храбра, упорна и дека поседува неисцрпна енергија. Овие две планети, кога се најдат во конјукција, укажуваат на огромна моќ на регенерација, харизма и магнетизам со кои неодоливо привлекува успех и популарност. Таа има изразено чувство на одговорност и многу добро се снаоѓа во сите области каде владее работа, ред и дисциплина. Природните владетели со нејзиниот хороскоп Сатурн и Уран, најавија дека нејзината кариера ќе почне во петтата година од животот. Била голем обожавател на славната тенисерка Моника Селеш и под силно влијание на занесниот Уран и трпеливиот Сатурн влегува во волшебниот свет на белиот спорт, за после 15 години да стане најатрактивна и најдобра тенисерка на светот. Тоа што многумина ја прогласуваат за најубава тенисерка на сите времиња не е никакво чудо, бидејќи нејзината натална Венера е над хоризонтот и тоа на врвот на небото. Таа е вистинската Афродита на белиот спорт. Летото 2016 година, Ивановиќ се омажи за германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, а во август истата година доби германско државјанство. Ана Ивановиќ е национална амбасадорка на УНИЦЕФ за Србија. Во својата кариера освоила 6 ВТА турнири и еден гренд слем турнир. Ана Ивановиќ успеала да го освои Отвореното првенство во Франција 2008, победувајќи ја во финалето Динара Сафина, а веќе со самото пласирање во финалето на тој натпревар станала тенисерка број 1 на ВТА листата, кое потоа го загубила.