Девојката чудно се однесувала секој пат кога ќе се вратела од кај мајка ѝ: Маќеа забележала чудни работи, па ја открила морбидната вистина

Ако нешто знаеме за семејството, тоа е дека членовите не мора да се крвно поврзани. Понекогаш генетски најблиските се всушност емотивно најоддалечени.

За тоа сведочи Карла Робинсон, која создала нераскинлива врска со првата ќерка на нејзиниот сопруг, Џеси, како да е свое дете.

Додека Џеси живеела со нив, секогаш кога требало да оди да ја посети мајка си, се однесувала чудно и вознемирено, а кога ќе се вратела цела била бушава, пишува Daily Mail.


Нормално, Карла била загрижена. Откако се јавила во службата за злоупотреба на деца, дознала дека злоставувачот бил пријател на нејзината биолошка мајка. Тогаш Карла и нејзиниот сопруг целосно ја превзеле грижата за Карла.

Вели дека уште на почетокот и рекла дека не ја носела во утробата, туку дека е родена во срце. Не морала да биде нејзина крв за да биде нејзината ќерка. Сепак, Карла и нејзиниот сопруг се разведоа 18 години подоцна, но таа и Џеси останаа неверојатно блиски. Тоа дури и помогна на Карла да надмине два пати заболување од рак.

Потоа, во 2018 година, Џеси беше повикана на суд. Кога пристигнала во судницата во Бартлсвил, Оклахома, Џеси не знаела што се случува, но ја видела Карла.

Се испоставило дека Карла испратила белешка до судијата во која вели дека жали што не ја посвоила Џеси. Многу порано се надевала дека ќе ја посвои, но не можела бидејќи немала пари, но сега имала шанса, иако поминале 20 години.

На видеото од судницата се гледа како и двете плачат, што допрело многумина. Ова видео е доказ дека да се биде татко или мајка бара љубов, грижа, одговорност, што Карла го докажа. Тие две и денес се неразделни.