Како изгледала Цеца на првиот концерт во Струга? Нема да ја препознаете

Пред 34 години, Цеца Ражнатовиќ го одржа својот прв концерт кај нас, во Струга. Го организираше познатиот македонски диџеј и менаџер Славе Келешовски. Тој на својот Фејсбук профил се потсети на 1990 година кога фолк-ѕвездата пеела во Струга и била гостинка во неговиот локал.

Цеца и Славе Келешовски во неговиот локал во Струга 

„За потсетување, да се знае, Цеца за прв пат во Македонија ја донесов јас. И тоа пред три децении години, имавме концерт во Струга. Инаку, концерти одржавме и во повеќе градови во Македонија“, вели Келешовски.

Во организација на ревијата „Екран“, во осумдесетите и во деведесетите години се избираше најдобар диџеј. На изборот, Славе победи неколку пати.

Тој сега живее во Америка со семејството. Кога во летниот период доаѓа дома, знае да организира ретро- забави на кои ги весели своите пријатели, пуштајќи музика под прекарот по кој е познат, диџеј Крејзи.