,

Бобан Цаневски сними спот за баладата „Љубов забранета“

Фолк пејачот Бобан Цаневски, деновиве сними спот за баладата „Љубов забранета“, а промоцијата се очекува наскоро.
  • Спотот се снимаше во соработка со „Арт продукција“, во еден скопски клуб, со повеќемина мои колеги и соработници, на кои сум им премногу благодарен. Снимањето траеше цел ден, а готовиот производ се надевам дека ќе им се допадне на љубителите на убавата македонска песна, вели Бобан.
Првата песна за оваа година на Бобан е авторско дело на неговиот колега Цуле, кој го напиша текстот и ја направи музиката за истата. За потсетување, пред една сезона, Бобан имаше успешно преставување и на сцената на Гранд продукција, како дел од шоуто „Ѕвездите на Гранд“.