Внимателно со овие хороскопски знаци, имаат краток фитил

Иако не е пожелно некој да се извлекува на фактот дека е „темпераментен“ хороскопски знак, има нешто и во ѕвездите Овенот е огнен знак кој има краток фитил. Она што останатите не го забележуваат, тие го доживуваат како напад на своето его. Влијанието на Марс на овој знак го прави нестрплив и може да биде агресивен. Нивните напади на бес се многу бурни, но брзо забораваат. Лавот е всушност малку поблага варијанта на Овенот. Може да бидат раздразливи поради ситници, но многу брзо забораваат поради што се налутиле. Секогаш ја тераат правдата до крај и можат рационално да ја согледаат ситуацијата. Лавот ќе попушти кога згрешил иако има свои моменти кога сака да е се по негово. Скорпија Не им треба многу за да се налутат. Ако се разбеснат, подготвени се на многу ниски удари. Провоцираат, навредуваат, а знаат и физички да се пресметаат со некој само за да предизвикаат бес. Некогаш тоа не им е доволно па имаат потреба за одмазда. Ќе поминат долго време смислувајќи како да ја спроведат.