,

(ГАЛЕРИЈA) Космос и црно бели креации: Jean Paul Gaultier пролетна колекција

Духот на ерата на Пјер Кардерн им беше прикажан на гостите и пред почетокот на самата ревија-благодарение на црно-белите покани. Дизајнерот е инспириран исто така од 60-тите години, деценија која на светот му го даде првиот бран феминизам, му донесе борба против расната сегрегација, и движење за правата на сексуалните малцинства. 92-годишниот Пјер Карден седел во првиот ред и зазел почесно место со својата муза Марисом Гаспар, а на крајот на ревијата ја пофали и работата на Готје. Жан Пол Готје ја почна својата кариера како помошник во студиото на Пјер Карден, каде забележал дека „мајсторот“ во еден момент ги прекршил сите можни правила. „Карден отсекогаш беше слободна личност која го прави она што го сака“, рекол дизајнерот. Иако неговите креации не биле експлицитни, влијанието на Карден се чувствувало во монохроматската облека со кинетички ефекти, јакни со остри раменици и широки рабови. Жан Пол Готије е познат по спектакуларните ревии и секогаш се труди да ја забавува публиката. Сега на пистата се појави бремената Коко Рош, неговата нова муза, која танцуваше во друштво на својата двегодишна ќерка.