Дали знаете? Еве зошто се слави „Денот на вљубените“

Иако „Денот на вљубените“ се слави низ целиот свет, малку луѓе размислуваат за него како верски празник. Римокатоличката црква 14 февруари го прославува како спомен на два светители со исто име - Валентин. Едниот бил Валентин, епископ, на кого главата му била отсечена во 269 година, другиот бил римски Валентин и се смета за историска личност. Св. Валентин, свешетеникот, брзо се проширил низ Рим, а подоцна и низ целиот свет. Бил познат како епископ или свештеник, некаде бил познат како исцелител на епилептичарите. Од 14 век, на Запад го сметаат како заштитник на вљубените. 
Меѓутоа, во новата историја, Валентин е избришан од календарот на католичката црква, а како објаснување стои дека сакаат да се намали бројот на празнување на деновите на светци чија историја не е позната. Денес за Св. Валентин се практикуваат различни обичаи. Православната црква, Св. Валентин го слави на 13 август, а на 14 февруари го слави Св. Трифун.