ВИОЛЕТА: Значење на името и какви се оние кои го носат

Виолета е женско шпанско, бугарско и романско име, кое води потекло од латинскиот збор „viola“ која во биологијата го означува зборот „љубичица“, но и виолетова боја. Љубичиците се предвесници на пролетта.

Нумеролошката вредност за името Виолета е 9. Личностите со ова име се чесни, креативни и духовно силни. Способни се да ги пребродат тешкотиите во животот. Рутината на животот ја поднесуваат полесно од другите. Способни се да сакаат со чисто срце.