,

Истражување откри која година од бракот е најубава, но и кога се јавуваат проблемите

Изненадувачки податоци! Имено, едно истражување покажа дека на сопружниците им е најдобро во третата година од заедничкиот живот. На примерок од 2000 луѓе норвешки научници сфатиле дека тоа е затоа што повеќето парови уште немаат деца, па може да се посветат на себе, а од друга страна планираат и се радуваат на проширување на семејството. Во објаснувањето на научниците е наведено следново: Сопружниците се доволно долго во брак да ги препознаат маните и предностите на партнерот и да ги прифатат, а со оглед на тоа дека немаат деца, повеќето парите ги трошат на сопствени желби. Патуваат, излегуваат, си купуваат подароци еден на друг ... Студијата покажала дека во повеќето случаи проблемите настапуваат во петата година, кога е се потешко да се избалансираат обврските околу децата, кариера, и посветеност на партнерот. Приоритетите на сопружниците значајно се менуваат на сметка на нивната врска. Истражувањето покажало и дека, доколку бракот потрае до седмата година, голема е веројатноста дека ќе трае долго. Или засекогаш!