„Обликот на водата“ на Гилјермо дел Торо со најмногу БАФТА номинации

Филмот „Обликот на водата“ на Гилјермо дел Торо води според бројот на номинации за наградите на Британската академија за филм (БАФТА)… Фантастичната драма на Гилјермо дел Торо, кој пред некој ден доби Златен глобус за режија, има 12. номинации за наградата БАФТА.„Обликот на водата“ е номиниран во категориите за најдобар филм, за директор на фотографија, дизајн на костумите и визуелни ефекти, додека Дел Торо е номиниран за режија и оригинално сценарио. Филмот е  навистина фантастичен. Екипата на Женски Магазин топло ви го препорачува. Погледнете го официјалниот трејлер за него тука .