,

Оставете моден белег со колекцијата есен/зима на брендот Астибо – уште денес

Ревијално претставување кое навестува сезона на висок моден стил, македонскиот моден бренд Астибо, заштитен бренд на интернационално ниво од модната куќа Астибо Basic, останува ненадминлив во умешноста да се креира, скрои и претстави совршеното парче облека за Вас. Новата есенска колекција есен/зима 2017/2018 веќе го има своето заслужено место, секако на македонскиот пазар, но и на пазарите на поранешните југословенски републики - Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Косово и Албанија, благодарение на неуморното следење на трендот на женската мода и посетата на значајните светски саеми кои секогаш значат инспирација и иницираат избор на ткаенини од реномирани производители надвор од нашата земја. Најновата колекција ќе Ве освои со смело застапените бои, ткаенините од закард, цветните принтови - актуелни за оваа сезона, етно дезените… Пребирливоста, својствена за вкусот на жената, е мотивот да се остане достоен во потрагата за префинетост, што за Астибо Basic, претставува задоволство со кое константно освојува маркети и купувачи ширум светот. За квалитетот на изработката, зборува и соработката и производството за повеќе познати европски модни брендови, меѓу кои, со одличната соработка се издвојува и големиот Karl Lagerfeld - Chanel. Развојната компонента на брендот Астибо е доверена на стручно квалификуваниот кадар, напорна работа и неуморната енергија која цели на успех, задоволни клиенти и задоволни купувачи. Страста кон работата и кон креирањето нешто поинакво, единствено, со светски признак, но препознатлив македонски квалитет, резултираше со нова колекција есен/зима на брендот Астибо, достапна за Вас уште денес!