ПОДГОТОВКА ЗА НОВА ГОДИНА: Овенот троши, Лавот готви, Близнаците го губат умот

Секој хороскопски знак има свои приоритети кога се во прашање новогодишните празници кои ни се пред врата. Девиците се опседнати со декорација, а Рибите се во состојба да ги потрошат сите пари на подароци. ОВЕН Луѓето родени во знакот на Овен меѓу првите ја составуваат листата за новогодишен шопинг, а тогаш знаат и да претераат. Тоа за нив е период од годината кога „Имаат право да бидат истрошени“. БИК На Биковите во прв план им се да се погрижат за празниците да не недостига фина храна и добри колачи. Тие скришум „поткраднуваат“ од слатките кои семејството ги чува за новогодишните празници, но немаат проблем тоа искрено да го признаат. БЛИЗАНЦИ Близнаците го губат разумот кога тргнат во новогодишен шопинг, па списокот кој можеби го имале со себе, престанува да им биде од корист. Го купуваат и она што им треба и што не им треба - на брзина. Подоцна се фаќаат за глава прашувајќи се „Што ми стана?“. РАК Луѓето родени во овој знак семејството го ставаат на прво место и се ќе направат само да им погодат на нив што повеќе. Ќе се погрижат секој да го добие она што го сака, се да биде убаво декорирано, да има секакви слатки на маса и сите  да се на куп за Нова година. ЛАВ Со оглед на тоа дека сакаат да ги импресионираат луѓето околу себе, Лавовите за празниците знаат да го прифатат готвењето и да прават разни деликатеси само повторно да ги слушаат воспевањата за тоа како, помеѓу останатото се и фантастични готвачи. ДЕВИЦА За Девиците декорацијата е многу важна ставка па се во нивниот дом мора да биде совршено - од декорација на внатрешноста на куќата до подготвување подароци - и во тоа се навистина добри, знаат да ги импресионираат луѓето околу себе. ВАГА Вагите добро ќе разлислат што на кој да му купат за подарок бидејќи сакаат некој вистински да ги развесели, а да не подаруваат нешто само бидејќи треба. Тие сакаат да даруваат подеднакво вредни подароци за да нема префрлувања од типот „нему му даде поскап подарок“. Од тоа некогаш ги боли глава. СКОРПИЈА Луѓето родени во овој знак уживаат во пазарувања околу Нова година, но тогаш не го губат разумот како Близнаците и не се впуштаат безпотреба во гужвите низ трговските центри. Кај нив тоа е смирена активност со јасно дадени цели - да се купи евтино, а добро и корисно. Стрелец Стрелците се во можност да направат најраскошна божиќна забава па подготовките за Нова година најмногу им се врат околу тоа, бидејќи „Ништо не смее да им недостига“. Тогаш на блиските им подаруваат се и сешто - од шарени вести со дедо Мраз како главен мотив до смешни костими со божиќна тема. ЈАРЕЦ Луѓето родени во знакот на Јарец ќе направат се да ги обезбедат подароците за блиските кои ги замислиле. Но, тие не губат време одејќи по продавници туку се ќе најдат на интернет, додека седат во топла фотелја и пијат чајче. Кога тргнат со купување, најпрво проверуваат дали тоа што го сакаат е некаде на попуст. ВОДОЛИЈА Водолиите за празниците се помалку карактеристични и непредвидливи. Тие одлично ја комбинираат традицијата со некои модерни , неочекувани елементи. На пример, во состојба се да испеат некоја стара новогодишна песна на раперски начин. Тие едноставно сакаат да бидат поразлични.   РИБА Рибите се во состојба да ги потрошат сите пари за празниците, а најмногу на совршени подароци кои ќе ги развеселат оние кои ги сакаат. Тоа се многу драги и луѓе со големи срца на кои среќата на најблиските им е поважна од парите.
foto: Dreamstime