Рабиндранат Тагоре: Ми се чини дека морав да те сакам

Ми изгледа дека морав да те сакам на безброј начини, безброј пати, Во живот по животот, во текот на времето, засекогаш. Моето внатрешно срце направи и повторно создаде ѓердан од песни Прими ја како дар и носи ја околу врат на свои различни начини Во животот по животот, со текот на времето, засекогаш.   Кога и да слушнам стари приказни за љубовта, тоа е столетија стара болка, Таа стара приказна за разделеноста или задничкиот живот, Како што секогаш гледам повторно во минатото, на крај ти секогаш се појавиш Прекривка сјајна како поларнљ ѕвезда која сјае низ темнината на времето: Стануваш симбол на она што се памти засекогаш.   Ти и јас пловиме на овој млаз кој доаѓа од извор Срца на љубов еден кон друг. Игравме со еден милион други љубовници, споделувајќи ја истата Срамежлива радост поради состанокот, истите потресни солзи по разделбата- Стара љубов, но во облик кој се раѓа и раѓа секогаш повторно.   Денес таа сила е пред твоите нозе, пронаоѓајќи го својот крај во тебе, Љубов на човекот на сите времиња, минато и вечност: Универзална среќа, универзална тага, универзелен живот. Сеќавања на сите љубови се спојуваат со оваа наша љубов- И песна на сите песни, минато и вечност