,

(ФОТО) АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ВО ПОЛН СЈАЈ: Мами воздишки, со фустанот ги воодушеви сите

Aнџелина Џоли заблеска на годишното доделување на наградите на Американското општество за кинематографија во Холивуд. Убавата актерка при оваа прилика е наградена за својот допринес кон филмот. https://www.instagram.com/p/BfVPRWQBkc_/?utm_source=ig_embed Но, она што многумина ги остави збор е фустанот на Џоли. За оваа прилика таа избрала креација со златни детали на дизајнерот Ели Сaaб во кој изгледала како вистинска грчка божица. Фустанот, кој е проѕирен на некои делови откриваше таман онолку колку што е пристојно на еден настан од високото општество, што не ја спречи Анџелина да изгледа неверојатно секси. Изгледот го надополни со дијамантски обетки и неутрална шминка со која благо ги нагласи очите. Изгледа дека Џоли воопшто не ја допираат гласините дека нејзиниот поранешен сопруг се гледа со Анистон, или барем така се труди да изгледа. Како и да, Џоли во последно време не знае да згреши со модните комбинации и така не престанува да ги остава без здив луѓето каде и да се појави.