,

(ФОТО) Бијонсе, ти ли си тоа? Восочна фигура на популарната пејачка урнебесен хит на социјалните мрежи

Во Музејот на восочни фигури во канадскиот град Најагра Фолс, е изложена восочна фигура на славната пејачка Бијонсе која стана апсолутен хит на социјалните мрежи и предизвика многу смешни коментари. Многумина не може да веруваат дека овој експонант некому може да му личи на американската музичка дива. Откако фотографијата се појави на социјалните мрежи, љубителите на Бијонсе не се воздржаа да покажат што навистина мислат за овој неславен уметнички зафат. БиБиСи пренесува дека корисниците на социјалните мрежи коментирале како оваа восочна фигура повеќе личи на актерката Џенифер Анистон и Диандра Ренолдс. https://twitter.com/GodBasedAdrian/status/965259705848299520?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fceo-svet-se-smeje-zbog-vostane-bijonse-foto%2F147146