,

(ФОТО) Шерон Стоун го прошета модното парче кое ќе биде топ модел во 2018

Познатата холивудска дива модерните трендови ги носи во свој препознатлив манир и тоа феноменално. 59-годишната актерка негува помалку унисекс стајлинг веќе со години. Нејзините изданија никогаш не се премногу дамски, ниту целосно калсични, а од друга страна иако „машките“ парчиња , како кошули и фармерки и стојат сјајно и тоа како умее да заблеска во гламурозна вечерна тоалета. Меѓутоа, за прилики како што се медиумски пропратени настани, кои подразбираат црвен тепих, никогаш не претерува, а тајната на нејзниот добар стајлинг се крие во интересни детали, иако не пренагласени. Црниот комбинезон со деколте В израз, Шерон го спои со долг кардиган во ист тон, и изгледот го заокружи со сандали на платформа, и ефектни златни обетки и наочари за сонце со плави стакла.