,

„ЧЕЛИЧЕН ПРЕБРАЧЕН ДОГОВОР“: Џенифер Анистон паметно го изиграла Теру околу богатството кое го има

Светска вест број еден од светскиот шоубизнис е дека Џенифер Анистон се разведува од својот сопруг и колега Џастин Теру. На големо тргнаа шпекулациите како холивудските ѕвезди ќе го поделат имотот после одлуката да се разведат, а порталот  US Weekly објави дека пред да се венчаат потпишале „челичен“ предбрачен договор кој и тоа како и оди во корист на актерката. -Џенифер има „челичен“ предбрачен договор со Џастин. Нему ќе му биде тешко да се бори против него. Разговорите околу предбрачниот договор биле долги и интензивни-рекол извор близок до парот и додава: -Имотот на Џенифер Анистон и нејзината заработка од серијата „Пријатели“ е заштитена - тврди овој неименуван соговорник. Како што пишуваат светски медиуми, Џенифер во својата кариера заработила невројатни 200 милиони долари. Во последните две сезони на „Пријатели“ во кои ја играше Рејчел Грин, инкасирала скоро милион долари по епизода. Освен „Пријатели“, Анистон играла и во бројни познати холивудски остварувања како "Horrible Bosses", "Bruce Almighty", "He's Just Not That Into You"  и други. Џастин Теру има исто така успешна кариера. Го гледавме во филмовите Tropic Thunder" и "Zoolander 2", а неговото богатство е проценето на 20 милиони долари. Џенифер и Џастин, кои се во брак од август 2015 година, не се огласија по повод ова прашање.