Филипче: Пициентите во нашата земја се во пораст и се откриваат во рана фаза

Mинистерот за здравство, Венко Филипче попладнево на прес-конференција изјави дека има 6 нови заразени со коронавирусот, со што вкупната бројка е 48. 

За прв пат во Штип е откриен заболен од вирусот. 

Се работи за девојче кое е инфицирано во Англија, соопшти Филипче. 

„Семејството се вратило на 14 март, и било во домашна изолација, а на тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почувствувало симптомите. Сега е во инфективното одделение со мајката“, рече министерот. 

Другите случаи се во Скопје, и Гостивар. 

Во Гостивар се работи за жена која се вратила од Швајцарија. 

Се тестираат дополнително 35 лица, за што ќе има резултати. 

Сите заразени се во стабилна состојба. 

Се контактираат лицата кои биле во контакт со заразените. 

Министерот вели дека локалната трансмисија се шири, а во Дебар ќе биде испратен уште еден пулмолог. 

Исто така потенцираше дека е добро тоа што заболените се откриваат во рана фаза, со што навреме се започнува со лекување.