Има тело на кое ѝ завидуваат помлади од неа: Битолчанката Цеца освои прво место во категоријата Бикини Мастерс на Куп на Македонија 2024

„Цеца Фитнес мама“ како што е потпишана на социјалната мрежа Инстаграм привлекува внимание каде и да се појави, а има и зошто.

Таа е 37 годишна дама од Битола и моментално се занимава со бодибилдинг, фитнес, развивање на техники и методи за здрава исхрана и здрав начин на живот, а исто така изработува планови за исхрана.

Цветанка Аврамовска го освои првото место во категоријата Бикини Мастерс на Куп на Македонија 2024 г. Државно првенство во Бодибилдинг и Фитнес организирано од Бодибилдинг и Фитнес Федерацијата на Македонија.

„Тренирањето и желбата за добра форма се мојата пасија која ме одржува во живот и ми дава константна сила да им се спротивставам на тешките моменти, предизвиците и падовите со константност и упорност во она што го правам.
Би рекла: ,,Тренирањето не е само пасија за одржување добра форма и тело, тренирањето е дисциплина, борба за духовниот развиток и градење на цврста личност која засекогаш ќе се откаже од откажувањето.

Периодов ми беше напорен, полн со обврски, предизвик да го достигнам потребниот дефицит на калории, да сум константна и дисциплирана, а од друга страна да останам достоен родител на две деца, на рана возраст, низ целиот процес.
Првото место не е само титула на победник, туку ги одбележува макотрпните денови, трудот, љубовта кон овој спорт, желбата да се остане дисциплиран и константен, а пред се мотивот да се вежба до отказ, а во суштина, никогаш да не се даде отказ“, пишува во дел од постот Цветанка.

View this post on Instagram

A post shared by Ceca (@ceca_fitness_mom)



Повеќе за бодибилдингот, исхраната и советите од Цветанка прочитајте во интервјуто кое Цветанка го имаше за Женски магазин.