Ја закопал сопругата, а две години подоцна доживеал шок кога ја видел на телевизија: „Го земав нејзиното тело, завиткано и во ковчег“

Абраг Мохамед од Азилал, Мароко, мислел дека ја изгубил сопругата во сообраќајна несреќа пред неколку години.

Според него, по несреќататаа била пренесена во болницата Ибн Рочд во Казабланка, каде лекарите рекле дека најверојатно нема да преживее.

„Го примив нејзиното тело, завиткано и во ковчег“, рече Мохамед.

Таа беше погребана во родниот град во 2014 година.

По две години, неговите пријатели, додека гледале ТВ-шоу што ги обединува „изгубените“ семејства, слушнале жена за која верувале дека е сопруга на Мохамед.

Таа се јавила во ТВ-програмата „Ал Мохтафун“ (Исчезнатите) и го даде своето име и адреса, тврдејќи дека „изгубила контактот“ со сопругот пред две години.

Овој настан предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, бидејќи е откриено дека Мохамед погребал непозната жена.

„Не знаев дека погребав друга жена и дека мојата сопруга е сè уште жива“, рекол Мохамед.

Не се познати деталните околности за текот на настаните по сообраќајната несреќа.

Приказната одекна на социјалните мрежи во Мароко, каде што корисниците излегоа со голем број теории за да го објаснат настанот - вклучувајќи ја и можноста дека сопругата на Мохамед го изгубила сеќавањето.

За грешката е обвинета лекарска или административна неспособност.

Фото: Freepik.com
Извор: Zena.blic.rs