Јас сум будалата што роди дете во 40-тите години: Еве како поминав

Кога се омажив по втор пат мислев дека нема шанси повторно да родам дете, но ете и тоа се случи...

Имав 35 години кога се омажив по втор пат. Веќе имав син од 17 години од првиот брак и ни на крај памет не ми беше повторно да родам дете. Бев во стилот: „Сега дојдоа моите 5 минути. Сега ќе живеам живот. Ќе одам на концерти, музеи, театар, ќе излегувам до доцна со сопругот, ќе се бакнувам на улица, ќе го правам сето она што не можев, бидејќи на 18 години останав бремена и родив дете...“

Но, мојот нов сопруг сакаше да има свое дете. Залудно му зборував дека бебето е напорна работа, дека ќе го буди навечер, дека ќе не заболи грбот од нишање и слично - не се откажа.

И тогаш, поради неговата голема желба, попуштив. Му реков: „Добро, ќе се обидам да забременам“, додека во себе верував дека нема шанси да дојде до бременост бидејќи имам 40 години. Мојот поглед беше насочен кон менопауза.

Но, изгледа дека моето тело не беше подготвено да се препушти на староста, па многу брзо останав бремена.

Бременоста беше совршена: се заљубив во себе и својот изглед. Сопругот беше неверојатно совршен и на седмо небо. Сите околу нас буквално аплаудираа велејќи дека сме херои, бидејќи сме се осмелиле на ваков чекор.

Несвесна за тоа што е херојски, го родив синот кој сега веќе има една година и 14 килограми. И сега целата се смеам кога ќе го видам и со неверување си велам: „Еј, па ова е мое дете“.

Ако сега имаш 36 години, еве мое мислење за тоа зошто е добро да имаш бебе на 40:

1. На 40 не ви е гајле за сите добронамерни совети, завист, туѓи мислење... Сте се развиле веќе како личност и се чувствувате како супермајка.

2. Сега кога имаш бебе мора да бидеш млада. Затоа во 40-тите задолжително одам на фризер, на маникир, се средувам максимално, бидејќи не сакам некој да помисли дека сум му баба на детето.

3. Постарото дете со задоволство и со разбирање се грижи за помалото. Кога сакам да излезам на концерт и во кино, син ми со задоволство доаѓа и го чува помалиот брат.

4. Не се плашам дали ќе се здебелам. Сега знам дека килограмите се нешто променливо. Ако сум се поправила, Боже мој.

5. Докторите ве гледаат поинаку. На 18 години, кога го родив своето прво дете, чувствував дека на мене гледаат како на будала. Сега сите ми се обраќаат со почит.

6. Другите мајки во паркот со внимание слушаат што имаш да им кажеш, бидејќи ти си мајка со искуство.

7. Своето тело го почитувам повеќе од било кога. Еј, сега сум свесна што сѐ може.

8. Детето е одлична превенција за Алцхајмерова болест - нема опуштање, мозочниот гирус работи милион на час.

9. Нема повеќе беспотребно жртвување - штом некој ми помош, јас тоа го користам.

10. Ги знам приоритетите. Ако се грижам за бебето - се грижам за бебето. Тоа значи дека не можам да стигнам да ја средам куќата, да направам 5 јадења или да угостам многу луѓе.

А, какви се вашите искуства за бременоста во 40-тите?

извор: stil.kurir.rs

фото: freepik.com