Како ќе се носи виолетово оваа пролет: Ана Ивановиќ покажа како во едноставни парчиња да изгледате фантастично

Убавата тенисерка покажа одлична комбинација која можете веднаш да ја копирате

Пролетта е веќе тука и сега е време да видиме како и што да искомбинираме во деновите што следат.

Убавата поранешна тенисерка, Ана Ивановиќ ги воодушеви сите со својата едноставна, но толку впечатлива и весела комбинација.


Таа на социјалните мрежи сподели видео во кое можеме да ја видиме во вистинска пролетна облека од многу светли и убави бои.

View this post on Instagram

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)



Овој пат изборот падна на прекрасните цветни панталони со класичен, правилен крој и едноставна блуза чија боја го отвора лицето и ве насмевнува. Оваа боја е особено погодна за жени кои имаат темна коса, бидејќи го отвора лицето и дава бодрост.


Освен неа, на фотографиите, во мода одлично се вклопи и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер, кој беше облечен во крем панталони и кремаста летна кошула со зелени детали.



Ана и Бастијан со години се во хармоничен брак и се чини дека се презадоволни од начинот на животот кој го водат. Двајцата се повлекоа од спортот, што им овозможи да се посветат на семејството и да уживаат во заедничкиот живот.


Имаат три деца, Ана се посвети на семејството и воспитувањето на нивните деца, а лансираше и своја линија на козметички производи.

За сето тоа време нејзиниот сопруг беше нејзин најголем поддржувач, а тоа што почна да учи српски и со задоволство ја користи секоја прилика да ги посети родителите на Ана, каде што ужива во највкусните српски јадења и деликатеси кои Германците дефинитивно ги немаат, доволно зборува за тоа колку ја сака.


ФОТО: Инстаграм