Не наликува ниту на Џорџина, ниту на Ирина Шајк, но сепак го освои: Се сеќавате ли на првата девојка на Кристијано Роналдо? (ФОТО)

Првата љубов на згодниот Португалец откако е професионален фудбалер била сестра на негов соиграч...

Португалскиот фудбалер со моментална адреса во Саудиска Арабија, Кристијано Роналдо со години е во вонбрачна заедница со Џорџина Родригез, со која има големо и среќно семејство.

Двојката уште го нема изговорено судбоносното „да“, иако спортистот вели дека е можно тоа да се случи во иднина, но и дека тоа не пречи на нивниот идиличен живот.

Љубовниот живот на Роналдо со години ги интригира неговите навивачи, а познато е дека пред да ја запознае Џорџи, бил во врска со руската манекенка Ирина Шајк.

Тие поминале дури 5 години заедно, пред дефинитивно да се разделат, а Португалецот е поврзуван со уште многу познати девојки, како Ким Кардашијан и Парис Хилтон.

Меѓутоа, првата девојка на Роналдо, секако откако ни е познат, не е светска ѕвезда.

Во прашање е Бразилката Џордана Жардел, сестра на тогашниот соиграч на фудбалерот, Марио Жардел.

Таа беше првата девојка со која Роналдо официјално беше во врска откако стана професионален фудбалер, во сега веќе далечната 2003 година.

За нивната врска не се зане многу, а најверојатно се имаат разделено набрзо откако почна да се пишува за нивната врска, па затоа денес постојат многу малку фотографии од нив двајца.

Денес Џордана е манекенка, а уште живее Лисабон. Многу е активна на Инстаграм, каде ја следат 14,9 милиони луѓе.

За нејзиниот приватен живот не се знае многу, а очигледно е дека и понатаму го обожава фудбалот и фудбалерите, бидејќи неодамна сподели фотографија со познатиот Роналдињо.


фото: Принтскрин / Инстаграм