Шпанија и Грција: Каде ќе летуваат политичарите

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одморот ќе го помине со семејството. Тој деновиве ќе отпатува на летување во Хрватска.

Премиерот Зоран Заев пак, ќе одмора во Охрид, но и во Грција. 

По празникот Илинден почнуваат одморите и во Владата. Пратениците речиси цел август ќе го поминат во одмор.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев заедно со својата сопруга ќе искористат неколку денови од својот годишен одмор, за посета на Малага, Шпанија, изјавија за Женски магазин од Општина Карпош. 

„ Тие ќе бидат заедно со свои блиски пријатели, со кои често ги поминуваат слободните денови, продолжените викенди и слично. Остатокот од летниот период градоначалникот Богоев ќе го помине во Скопје и ќе им се врати на работните обврски, за подготовка на Карпошовото културно лето, рестартирањето на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Сокол“, како и подготовки за успешен старт на учебната година во Карпош“, велат од Општина Карпош.