Тие буквално не стареат: Жените родени во овие хороскопски знаци се поубави по 50-тата година од животот

Во астролошка смила за младолик изглед се задолжени аспектите кои ги прават Венера и Меркур, така што личностите кои имаат добри аспекти од овие планети можат да ја добијат својата втора „младост“ по 50-тата година од животот.

Но, ако ги анализираме сите 12 знаци на Зодијакот, првиот знак кој доживува целосна трансформација се жените родени во знакот на Јарец. Со нив владее Сатурн, планетата која во првата половина од животот носи доза на сериозност и одговорност. На таа возраст, жената Јарец е многу сериозна, носи сериозна гардероба, посветена е на работата и обврските и нема сила да се опушти. Живее под влијае на нејзиното семејство. Но, во нејзините позрели години, поточно по 49-тата година, Сатурн ѝ дава можност да се препушти на себе и да го пронајде „заборавеното“ девојче во себе. Тогаш таа станува многу поопуштена, поотворена за многу животни искуства и зрачи поинаку. Добива сосема нов изглед, многу повеќе се забавува и доживува целосна трансформација.

Уште еден знак кој нема да дозволи да остари пред време се жените родени во знакот Лав. Тоа се жени кои никогаш нема да дозволат нивот живот да има поинаква смисла од она што тие го сакаат. Нивниот владетел е Сонцето и затоа имаат силна внатрешна потреба да уживаат во животот и сето она што го носи тој. Сакаат да се забавуваат, гласно да се смеат, да доминираат во општеството, сакаат да патуваат, да излегуваат, да го слават животот. Годините никогаш им се важни, ќе направат сè да се чувствуваат и изгледаат добро, негувано, уредно, гламурозно.

фото: Принтскрин / Инстаграм