ИНТЕРВЈУ ЃОКО ХАЏИЕВСКИ: Го израмнивме резултатот дома- пет женски спрема пет машки

Трпев доста шеги од моите најблиски пријатели дека сум опкружен само со женски околу мене, и немам наследници, но сега направивме пресврт и се израмнивме 5 на 5. Значи, Гео, Филип и јас сме доволно силни да ја поддржуваме машката страна [caption id="attachment_14861" align="aligncenter" width="359"] Тања и јас сме нормални луѓе, и двајцата имаме свои мани. Ние сме многу тврдоглави и изразито инвентивни.- Ѓоко со сопругата[/caption] Најтрофејниот домашен тренер и поранешен селектор на македонската фудбалска репрезентација Ѓоко Хаџиевски од почетокот на оваа година е пред нов професионален предизвик. Тој е тренер на клубот „Ал Дафра“ во Абу Даби. Главниот град на ОЕА е неговиот нов дом по Дубаи, каде што до лани беше тренер на клубот „Хата“. По природа друштвен и секогаш позитивен, Хаџиевски вели дека е побогат за уште искуство. Тешко му е што неговото најголемо богатство, десетчленото семејството е во Скопје, но информиран е за се што се случува дома, преку семејните групи на социјалните мрежи. Ѓоко е во среќен брак со др. Тања Хаџиевска триесет и пет години, и се родители на трите ќерки: Стефанија, Андреа и Катја. Катја има 16 години и е две години постара од најстариот внук Георг од Стефанија, која ја има и петгодишната ќерка Алексија. Средната ќерка Андреа е мажена за фудбалскиот тренер Филип Спасески, а на 16 октомври преклани, таа ги роди близнаците Алек и Сандро. Хаџиевски вели дека сега веќе жените не преовладуваат во неговото семејство, туку се изедначени, пет спрема пет. Женски Mагазин- Од скоро сте тренер на клубот „Ал Дафра“ во Абу Даби. Како се вклопивте во новиот клуб и како е да се живее таму наспроти Дубаи, каде што бевте до неодамна? ХаџиевскиАбу Даби е главен град на Обединетите Арапски Емирати, распространет на Голф заливот, со прекрасни архитектонски решенија, урбанистички многу посреден од Дубаи. Овде е доста помирно, поорганизирано но и построго, во смисла на дисциплината на живеење. Во Дубаи има повеќе посетители од целиот свет, многу повеќе културно- уметнички и спортски случки, поатрактивен шопинг, секоја недела со некои нови промоции, и на крајот со голем сообраќаен метеж, би рекол хаос, зошто понекогаш тешко можеш да се извлечеш од долгите чекања. Женски Mагазин- Бевте тренер во многу светски клубови и селектор на репрезентацијата на Азербејџан. Од која земја носите најубави спомени? ХаџиевскиРаботев во многу земји, имав прилика да ги доживеам вистински. Скоро секаде поминав или поминавме заедно со моето семејство. Заедно бевме во Бугарија -Софија, во Србија -Нови Сад, во Јапонија -Нагоја и во Грција, Костур, Драма и Атина. Сам бев во Азербејџан -Баку, Кипар -ПафосЕгипед -Порт Саид, Саудиска Арабиа -Најран, Бреида и Дамам и сега во Емирати -Дубаи и Абу Даби. Прекрасно искуство беше во Јапонија заради многуте специфичности во однос на целиот останат свет. Дубаи е фантастичен, многу убаво и успешно поминав во Азербејџан, каде што го освоив првенството со ФК Баку, а воедно ја водев и нивната репрезентација. [caption id="attachment_14866" align="aligncenter" width="706"] Тања со ќерките Стефи, Андреа и Катја и со внуците Георг и Алексија[/caption] Женски Mагазин- Во претходно интервју ми споменавте дека сте пропуштиле многу семејни родендени и прослави. Колку е тешко да сте често разделени од семејството и тоа што не сте тука во такви важни моменти? ХаџиевскиИако главно имам многу добар третман секаде каде што работам, признавам дека најтешко ми е тоа што сум оддалечен од моите најблиски, моето семејство кое сега се зголеми. Сега сме десет члено семејство и сите подеднакво ми недостасуваат. Ќерка ми Катја и внукот Георг се тинејџери, Алексија почнува да се истакнува сè повеќе и повеќе, а најмалите Алекс и Сандро не поврзаа уште повеќе, просто опседнати сме со нив. [caption id="attachment_14868" align="aligncenter" width="727"] Добивме трето дете на повеќе од 40 години и тоа не сплоти уште повеќе. - трите ќерки на Ѓоко и на Тања: Стефи, Андреа и Катја се многу поврзани[/caption] Женски Mагазин- Имате три ќерки, во која од нив најмногу ги препознавате своите особини а во која на вашата сопруга Тања? ХаџиевскиМорам да признаам дека мојот однос со трите ќерки е подобар отколку што можев да замислам. Сите ние сме силно поврзани, и се слушаме по неколку пати во денот. Имаме заедничка група на социјалните мрежи каде што се информираме за се и сешто. Сепак ако морам да издвојам, не според она на која сум наклонет но со кој најмногу контактирам, тоа е средната ќерка Андреа. Таа е најемотивна од сите и е најгрижлива за сите во фамилијата. Андреа и најстарата ќерка Стефи ја имаат следено речиси целата моја фудбалска кариера, додека Катја со оглед на тоа што е доста помала не толку потресена по резултатите, колку што тоа е нагласено кај Тања, Стефи И Андреа. Сега сме засилени со внукот Гео и зетот Филип, кои се директно инволвирани во фудбалот, Гео како играч а Филип како тренер во школата на Вардар. [caption id="attachment_14865" align="aligncenter" width="684"] На свадбата на ќерката Андреа преклани пееја хрватските ѕвезди Данијела Мартиновиќ и Горан Каран- семејството Хаџиевски на свадбата[/caption] Женски Mагазин- Немате син, но спортските стручњаци велат дека фудбалскиот талент од вас го наследил вашиот внук, Георг кој игра во подмладокот на Вардар. Колку од неговите натпревари сте успеале да гледате и да не ви е внук, како стручно би го оцениле? ХаџиевскиОооо, за Гео треба да зборувам многу, пред се тој е прекрасно дете со многу добар карактер. Во овие години е самокритичен и силно амбициозен. Сигурно дека љубовта кон фудбалот му ја всадив јас, но и огромната желба на целата наша фамилија тој да биде многу успешен. Јас велам дека е ретко талентиран за неговите години, а тоа го потврдуваат и сите тренери што водат грижа за него во академијата на „Вардар“ Реално мислам дека му престои блескава кариера. Женски Магазин- Наспроти трите ќерки, кај внуците водат машките. Имате само една внука, Алексија, и тројца внуци. Вашата ќерка Андреа ве израдува со близнаците Алек и Сандро. Дали внуците ја задоволија вашата желба за машки деца во семејството? [caption id="attachment_14864" align="aligncenter" width="600"] Ѓоко со ќерките, зетот и со внуците зимава на Попова Шапка[/caption] ХаџиевскиПа, трпев доста шеги од моите најблиски пријатели дека сум опкружен само со женски околу мене, и немам наследници, но сега направивме пресврт и се израмнивме 5 на 5. Значи, Гео, Филип и јас сме доволно силни да ја поддржуваме машката страна, особено кога станува збор за Тв каналите или спортската опрема. Уште еднаш можам да потврдам дека Алекс и Сандро ни го одзедоа целото внимание и е насочено кон нив. Тие покажуваат интерес за топка и музика, но, дилеми ќе нема, ним им е „наредено“ да бидат фудбалери. Женски Магазин- Како ви поминува времето кога сте сите заедно? ХаџиевскиМоже да замислите каков хаос настанува кога сме сите заедно. Главното шоу го прават Алекс и Сандро, бројните сувенири од целиот свет се расфрлани како на плажа, а за средувањето нека му ја мисли Тања. Често сме излезени заедно, а можам да кажам дека најголемото задоволство е кога во летниот период сме сите заедно на море. Пролетва ги очекувам да ме посетат во Емиратите, каде што ќе имаат прилика да пробаат разни специјалитети на храна од целиот свет, и да уживаат во фантастичните понуди на шопингот. [caption id="attachment_14863" align="aligncenter" width="1024"] Семејството Хаџиевски со блиските на прославата на првиот роденден и крштевка на близнаците Алек и Сандро[/caption] Женски Магазин- Кој е рецептот за да успее еден брак кој функционира на далечина како вашиот, и која е формулата да се развие и да опстои едно здраво и среќно семејство? ХаџиевскиТања и јас сме нормални луѓе, и двајцата имаме свои мани. Ние сме многу тврдоглави и изразито инвентивни. Триесет и пет години живееме со силно темпо, секогаш во некои нови исчекувања и предизвици. На пример, да имаме трето дете на повеќе од 40 години, секој не би го прифатил- направил, но Катја не сплоти уште повеќе. Сите три: Стефи, Андреа и Катја се многу поврзани, многу патувања, селидби, сето тоа го направи нашиот живот поубав, поинтересен. Иако децата ни се сѐ во животот, и како што реков не сплотија уште повеќе, во овој период на заеднички живот никогаш не сме имале брачна криза. Факт е дека Тања беше многу повеќе поактивна, а последните 10 години е малку порелаксирана и посветена повеќе на нејзината работа, и ова е еден поинаков период од нашиот живот, бидејќи помалку време посветуваме на себе си, и сите очи се вперени кон помалите. Женски Магазин- На која традиција и спомен сте најгорд од вашата родна Битола? Хаџиевски- Иако по татко сум ресенчанец и многу сум горд на тоа, таму се моите најдобри другари, мајка ми битолчанка, јас роден во Битола, Битола ја сакам многу. Ја паметам најдобро и најубаво од седумдесетите години кога важеше за еден од најубавите и најмодерните градови во Југославија. Во викендите беше празна, сите беа надвор од градот, останатите денови Широк Сокак беше полн, независно дали е лето или зима. Тоа беше град во кој се живееше за спортот и за битолскиот театар. Како татко ми што се ожени со битолчанка, истото го сторив и јас, и не погрешив. Песната „Битола мој роден крај“ е безброј пати нарачувана во многу кафеани насекаде, и ќе остане мојата омилена песна. За Женски Магазин, Милица Џаровска легенди