Ана, биди среќна секогаш

  Врти сучи, тоа е таа. Организирана, реализирана и докажана. Успешна во сите проекти. И како мајка на „Врти сучи Скопје“, но и како човек кој ги водеше конците еден период во Теа Модерна. Во еден период, нејзиниот глас ги будеше радио слушателите на радио Уно, а беше дел и од тимот на Клуб фм. Својата кариера ја започна на МТВ. Ја надгради и усоврши до перфекција. Во моментов не е телевизиски активна, иако е дел од низа интересни проекти. Реализирана и како мајка. Растреперена над нејзиното чедо. Инспиративна како партнерка. И секогаш лојална како пријател. Тука е да ве охрабри, поттикне, поддржи. Пријателската нишка ја пренесе и во работата со членовите на Специјална Олимпијада Македонија. Сликите од нејзиниот резултат, како доказ, може лесно да се забележат од секој член со кој таа работеше. Убаво е што ја имаме. Ана Зафировска, уште една силна жена Скорпија. Биди топла и срдечна, успешна и предадена, лојална и сакана. Те сака, Женски Магазин