ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Биди човек!

Насмеј се - и подари му насмевка на оној кој никогаш ја немал. 

Земи зрак од сонцето - и пушти го да лета онаму каде е ноќ. 

Земи солза - и пушти ја на лицето на оној кој никогаш не плачел. 

Земи храброст - и пушти ја во душата на оние кои не знаат да се борат. 

Откриј го животот - и раскажи му го на оној кој не разбира. 

Земи надеж - и живеј во нејзината светлина. 

Земи добрина  - и подари му ја на оној кој не знае да ја подарува. 

Откриј ја љубовта - и не откажувај се од неа!