,

(ГАЛЕРИЈА) Летиција е кралица на стилот

Летиција Ортез, кралицата на Шпанија е дефинитивно кралица на стилот. Таа е сопруга на сегашниот крал Фелипе. Во брак стапиле на 22 мај 2004, година. Во времето кога стапија во брак Фелипе е принц на Астуриас и потенцијален наследник на шпанскиот трон. Тие имаат две ќерки, Леонор и Софиа. Летиција била претходно мажена уште еднаш. Нејзиниот прв сопруг е писателот и професор по книжевност, Алонсо Гверера Переза, со кога се мажи во 1998 година. По десет години забавување, тие прават граѓанска венчавка. Бракот трае само една година. Разводот се случил во 1999 година. Летиција по професија била презентерка на вести и работела за шпанската верзија на каналот за економија Блумберг и за вестите на CNN+. Новинарската кариера ја започнува во весникот „Ла нуева Еспања“, по што менува повеќе медиуми и новински агенции и станува препознатливо медиумско лице. Родена е како Летиција Ортиз Рокасолано на 15-ти септември 1972 година во Овиједо, Шпанија, како ќерка на новинарот Хесус Ортиз и неговата прва сопруга, медицинската сестра Марија Рокасолано. Летиција школувањето го почнува во родното место, а потоа продолжува во Мадрид. Страста кон новинарството ја наследува од татко си, па ќе дипломира токму новинарство на универзитетот „Компултенсе“ во Мадрид, по што ќе запише и мастер студии за аудиовизуелно новинарство. Таа е една од омилените личности во Шпанија, но нејзиниот шарм и стил го освојуваат и светот. Активна е на бројни манифестации од хуманитарен карактер, каде сите го забележуваат нејзиниот беспрекорен стил.