Деми-Леи Нел-Петерс е новата Мис Универзум

Претставничката за Мис Универзум од Јужноафричката република, Деми-Леи Нел-Петерс е новата кралица во светот. Убавата 22 годишна девојка со диплома од економија ја доби круната во театарот Axis во склоп на касино ресортот Planet Hollywood во Лас Вегас.  Првата придружничка е Мис Колумбија - Laura Gonzalez, a втората е Мис Јамајка - Davina Bennett. Изборот годинава беше најброен досега, се натпреваруваа 92 девојки. За првпат на изборот учествуваа претставничките на Камбоџа, Лаос и Непал.