Елена Рафајловска: Ме грееше сонце

Ме роди пред да се родам во прегратка бела ме даде и години безброј лесно ми вети во спокој, во болка и надеж Ме грееше сонце ме галеше радост, а облаци црни го скрија ми тлееше болка што срце ми скина за љубовта брзо што мина Денот ќе пројде и тагата тешка во срцето сонце ќе блесне во градите радост со надежта нова за утрата полни со песна Часови долги и години кратки минат со животот така некаде близу до мене чека пак да ми подаде рака Во прегратка бела пак да ме земе во крајот што почеток се вика пак да ме умре пак да ме роди со песна кадифена мека Елена Рафајловска Фотографија Александар Колов