,

Ким Бејсингер-Една прекрасна жена која денес полни 64 години!

На 8 декември 1953 година се роди американската актерка и модел Ким Бејсингер . Русокоса која има 64 години. Можеби е тешко да се поверува, но тоа е факт. Ким е ѕвезда, и сигурно нема потреба, но ние ќе наброиме некои нејзини извонредни филмови - "9 недели и половина", "Бетмен", "8 милји", "Доверливо од Л.А." и така натаму. За нејзината работа во "Доверливо од Л.А." таа доби Оскар и Златен глобус во категоријата за најдобра споредна женска улога. Покрај нејзината силна филмска кариера, Ким исто така прави добри проекти во модата. Многу компании ја избрале за заштитно лице. Во 80-тите и 90-тите, сите во индустријата сакаа да соработуваат со прекрасната Ким. Всушност, дури на 17 години, таа победува на натпреварот за убавина во нејзината родна држава, станувајќи „Мис Џорџија“ и учествува на Мис Америка. Од овој момент нејзината работа започнува во модната индустрија. Во раните 70-ти години беше еден од најпопуларните американски модели. Се појавува во Esquire, Vanity Fair, Playboy, Cinema Magazine и многу други. Иако е безусловна ѕвезда, Ким Бејсингер успева да пронајде голема блискост со својата ќерка, и тие се најдобри пријатели. Често фотографии од нив две, но и од семејството можеме да забележиме на социјалните мрежи.