ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Ослободете се од негативното расположение

Неколку трикови кои ќе ви помогнат да се изборите против лошото расположение наутро кога некој активно се обидува да ви го уништи денот 

Наспијте се 

Одморот е најважен елемент за секојдневно да се чувствувате добро. Кога сте наспиени и одморени доволно, вие сте повеќе свежи и енергични, а тоа привлекува добри енергии околу вас и ви дава повеќе прилики за насмевки. Олободете се од заморот кој го носи вашиот секојдневен живот и автоматски ќе го подобрите вашето расположение! 

Уживајте во малите нешта 

Највредните во животот се малите гестови. Љубов, благодарност, радост.. Прифатете сè што ви носи позитивни емоции секој ден. Фокусирајте се на вашите успеси, кон убавото денес и изборете се со проблемите со насмевка. 

Не заборавајте на утринско водење љубов

Нема подобро започнување на денот од будењето со водење љубов. Пред да уживате во утринското кафе, останете подолго во кревет со партнерот. Вашиот ден дефинитивно ќе биде спокоен и поуспешен. 

Тренирајте

Чувајте ја вашата фигура. Одвојте време за вежбање секој ден или барем неколку пати неделно. Тоа го подобрува вашиот метаболизам, ве ослободува од лошата енергија и ви дава сила. Неколку вежби дневно можат да направат чуда. 

Одвојте време за појадок

Појадок е важен за почетокот на вашиот ден. Одвојте околу 30 минути повеќе наутро, за да можете да се прилагодите на денот без да брзате и без да излегувате гладни и жедни. Кога се израдувате себе со убав појадок, нема кој да ве изнервира. 

Не прифаќајте сè премногу лично 

Понекогаш лошото расположение лежи во фактот дека прифаќате сè премногу лично и емотивно. Бидете над работите и не се лутете на ситниците. Чувајте ги вашите чувства за важни луѓе и моменти во животот.