Сања Атанасовска: надоаѓаат реките

Надоаѓаат реките да ја однесат куќата што не е дом ме уби со поглед неколку пати и пак оживеав овој пат нема спас ќе се удавам ќе бидам зелен лист што ќе плива на површината ќе бара коцки чоколада ќе кажува убави зборови за луѓето надоаѓаат реките надоѓаат стравови големи колку небото. За Женски магазин, поетесата Сања Атанасовска