Сања Атанасовска: отровни цветови

Во овој паралелен свет ти си на страната на моите непријатели а јас сум самовила со седум копја во грбот првиот впечаток е како магливо утро закопано во пазувите на овие турбулентни години ми приоѓаш со вештачки насмевки и црвени каранфили по улиците се разлева златен дожд и небото плаче за сите несреќни љубови за мене е подобро да бидам студена и никогаш повеќе да не помислам на твоите отровни цветови. За Женски магазин, поетесата Сања Атанасовска Фото: Александар Колов