Сања Атанасовска: тапија од животот

Не плаши се од крикот на лошите луѓе што ќе ги сронат твоите добри дела и од планини со злато ќе направат прашина тепих за своите неважни чекори еден ден сите карти ќе бидат отворени сите зборови ќе бидат кажани ќе се разбереме со скршени погледи и половични шепоти еден ден предавниците ќе бидат предадени и ќе си одиме секој по свој пат со својата тапија од животот За Женски магазин, поетесата Сања Атанасовска