Сања Атанасовска: љубов во форма на љубов

Нема ривалство има само љубови, отворени како карти оставени на послужавник за да ги освојат нашите и нивните празни срца. Нема ривалство има само слатки отрови, подготвени од некого и некаде по таен рецепт. Има само бесконечност простор и време, а во него љубов во форма на љубов.