12.000 евра за чанта: Македонските ѕвезди навистина имаат вкус

Како што пишуваме за светските и балканските ѕвезди во поглед на облекувањето и цените на она што го носат, овде не се исклучени ни нашите ѕвезди. И бидејќи се јавни личности, јавно се појавуваат во тоа што го носат, се фотографираат, прикачуваат фотки на социјалните мрежи, така се јавни и цените. Нормално, ретко која кажува колку чинат нештата- на пример една чанта што ја носи, и не мора да каже бидејќи не е принудена, но сепак поради автентичноста на самото парче, веднаш паѓа во очи.

Па, да видиме колку чинат чантите на неколку наши познати личности. И сите носат брендирани, тоа е факт. И тоа не е ништо страшно, тоа е и пожелно кај нив. Постојат интернет страници- онлајн продавници каде се гледа цената на одредениот производ, (иако горе- долу цените варираат, но сепак разликата не е голема) а неретко и самите брендови ги пишуваат цените, кај некои го нема тоа и можете да дознаете само ако им пишете. Имаме во предвид и дека постојат препридавачи на луксузна роба, па не би знаеле со сигурност за колку пари им се купени, но реалните цени се овие:

Аделина Тахири

Модерна, секогаш од глава до пети облечена во брендирана облека. Има колекција на чанти, а оваа на Диор еве колку чини:


Каролина Голева

Поп дивата е позната по истенчениот вкус на облекување, но има и вкус за чанти, како оваа на пример од брендот Jacquemus

Лила Филиповска

Таа со години важи за ена од надобрите македонски модни инфлуенсерски, а водителката е фан на чантите од брендот Луи Витон

Тамара Тодевска

Тамара докажа дека модно може да им парира на светските ѕвезди, но изборот на чанта е сепак од бренд кој е од балканските простори

Бојан Јовановски

Познат е по скапото облекување и бредираната облека и воопшто не треба да чуди што носи врвни чанти, секако- многу скапи. Во еден од неговите најнови постови (се врати на социјаните мрежи) носи чанта која се смета за една од најубавите, најбараните и за која се чекаат години или месеци за да се добие:

Р.Ж.М