ЦРНИ МИСЛИ КОИ ВЕ „КОЧАТ“: Ослободете се од нив
ЦРНИ МИСЛИ КОИ ВЕ „КОЧАТ“: Ослободете се од нив

ЦРНИ МИСЛИ КОИ ВЕ „КОЧАТ“: Ослободете се од нив

Постојат „црни мисли“ кои се ваши „кочници“ и од нив мора да се ослободите.

1. „Не сум доволно добар/а“

Никој не е совршен и сите имаме недостатоци, но не е потребно да си ја повторувате оваа реченица. Помислете на луѓето околу вас кои навистина имаат многу ограничувања, како на пример оние кои не можат да се движат, кои се борат со некоја сериозна болест и кои имаат многу помалку избори од вас. Помислете на тоа колку многу луѓе постојат кои напишале книга по доживеаната несреќа, им помагале на другите и слично. Дали тие би успеале кога би мислеле дека не се доволно добри? Фатете се за работа! Започнете некое хоби, пишувајте, сликајте…

 

2. „Никој не се грижи за мене“

 

Сите луѓе на овој свет се опкружени со љубов, само што честопати не ѝ дозволуваат да им пријде. Љубовта ја вреднуваме според големите дела, а не гледаме дека малите гестови се вистинските знаци на внимание и грижа. Поради ваквиот негативен став, нормално е тоа што другите луѓе се повлекуваат и не можат да ви покажат дека ве сакаат и покрај тоа што се чувствуваат така. Почнете да им покажувате на љубов на другите и ќе видите голема промена.

3. „Не ми се допаѓа овој човек“

Фокусирањето на туѓите негативни страни нема да ви донесе ништо добро. Нема да се чувствувате подобро. Чувството на одбивност и потребата да побегнете нема да исчезнат. Обидете се да издвоите барем една позитивна особина кај личноста што не ви се допаѓа. Сигурно постои таква! Постојано мислете на нечии позитивни страни и фокусирајте се на нив. Ова ќе ви го олесни животот.

4. „Зошто другите се подобри од мене?“

Ништо нема да постигнете ако се споредувате со другите. Ако успеете да извлечете некаква корист од споредбите, ви честитаме! Секогаш ќе постојат луѓе кои се поубави, попаметни, побрзи, побогати и помлади од вас. Ваквиот став го чувствуваат другите луѓе и тоа предизвикува лавина други негативни емоции. Не ви треба тоа во животот. Мора да бидете свесни дека тие што се подобри од вас никогаш нема да го имаат тоа што вие го имате: Вашата целосна личност, единствена и неповторлива.

5. „Нема да успеам“

Ако размислувате вака, навистина нема да успеете. Ако размислувате на овој начин, најдобро е да не правите ништо во животот. Целиот свет ви е на дланка. Го имате вашето здравје, работата и вашите мисли кои од утро до мрак мора да ви говорат: „Ќе успееш!“ И навистина ќе успеете.

Create Account



Log In Your Account