Дрвена мезе даска премачкана со путер: Дали новиот вирален тренд за сервирање на храна е опасен по здравјето?

Периодов на Интернет кружи нов тренд за сервирање на храна со путер даска, но според многумина може да биде многу штетен по здравјето!

Идејата на блогерка за храна, по име Џастин Дорион, толку брзо се рашири меѓу луѓето и стана тренд за сервирање на храна, без воопшто да се помисли колку тоа може да биде штетно за здравјето, особено за луѓето кои веќе имаат одредени болести.

View this post on Instagram

A post shared by Justine Doiron (@justine_snacks)


За што всушност се работи? Оваа блогерка покажа интересен, но штетен начин на сервирање на храната - се работи за премачкување со путер на дрвена мезе даска или чинија и потоа се редат другите состојки - слатки и/или солени. И вака сервираното мезе се јаде со леб или крекери.

„Забавно и убаво е да се направи ова, но запомнете дека путерот е богат со заситени масти кои се поврзани со зголемен ризик од кардиоваскуларни болести“, објави Американската академија за исхрана и диететика.

А препораката на Американското здружение за срце е дека само пет до шест проценти од калориите што ги внесувате доаѓаат од заситени масти бидејќи нивното прекумерно внесување може да го зголеми нивото на многу штетен холестерол.

„Ако вашата дневна потреба е 2.000 калории, тогаш не треба да добивате повеќе од 120 калории од заситените масти. Тоа е околу 13 грама заситени масти дневно, а само една лажица путер содржи околу 7 грама", советуваат експертите, со оглед на тоа што самиот тренд се базира на путерот кој во голема количина се премачкува на чинијата.

Погледнете низ видеа како изгледа овој нов тренд и пишете ни како вам ви се чини:


View this post on Instagram

A post shared by Carousel Taste Artisans (@carouselbydorbob)


View this post on Instagram

A post shared by Eilisha (@foodeilish)