Елегантно и женствено: Тамара Драгичевиќ за прв пат го покажа трудничкиот стомак

Пред еден месец пристигна вест дека Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина го чекаат своето трето дете. Брачната двојка ниту ја потврди, ниту ја демантираше оваа информација, па многумина се запрашаа дали е вистина. До денес, кога Тамара Драгичевиќ го покажа трудничкиот стомак.

Фотографиите се создадени како дел од пролетната модна кампања, која, без сомнение, ќе биде добро прифатена. Убавата актерка, која негува природен изглед и едноставен стил, одамна стана инспирација на многу девојки.


Тамара и Петар, кои се во брак од 2016 година, ги имаат ќерката Сташа и синот Лазар. Бидејќи и двајцата потекнуваат од семејства со повеќе деца, немале дилема како да изгледа нивното.

-Тројца сме, Петар има брат и две сестри, така што имаме слични искуства растејќи. Учевме еден од друг, си помагавме, се се споделуваше. Секогаш велам, кој има можност да има повеќе од едно дете, не размислувај двапати. Нема поубаво – рече еднаш Тамара за локални српски медиуми!


Фотографијата на која Тамара Драгичевиќ го покажа трудничкиот стомак не потсети на фактот дека таа брзо ја врати витката линија по претходните две пораѓања.

- Со Сташа се здебелив повеќе, па ми требаше подолго време да ја регулирам тежината. Во втората бременост се хранев поздраво. Јадев готвени оброци, свежо овошје и зеленчук. Се трудев да не вечерам доцна, бев активна и сето тоа имаше ефект – ни откри Тамара.


Со изјавата дека среќата ја прават малите нешта, таа додаде:


- Бев среќна кога ги облеков старите фармерки. Не само затоа што тие беа показател дека сум ја вратила линијата. Одамна ги немам носено, па ми изгледаше како да имам ново парче облека.


фото: инстаграм