На Шабан му простив што ме остави: Прозборе вонбрачниот син на Шаулиќ

Вонбрачниот син на покојниот пејач Шабан Шаулиќ, Роберт Омаљев, вчера дојде на погребот на својот татко, иако во изминативе години не биле во контакт, пишува Еспресо.рс.

Роберт прозборел за односот со својот татко и вели дека му ги простил сите грешки. Според него, Шабан поради семејството не сакал да има никакви контакти со вонбрачниот син.

“ Во шок сум, верувајте. Не можам да си дојдам на себе. Не сум во состојба да зборувам, многу ми е тешко. За смртта на татко ми дознав од порталите, а ми јави и сестра ми. Кога разбрав дека е вистина, ми се слоши. Тој беше мој татко, и иако не бевме во контакт никогаш не сум имал лошо мислење. Немав воопшто дилема дали да дојдам на погребот“, раскажал Роберт за „Телеграф“.

Немав дилема дали да дојдам на погребот.- Роберт, синот на Шаулиќ

Фото: Телеграф.рс 

„ Со татко ми не сум се видел со години, а сега се простив од него. Што било, било, сѐ му простувам,и тоа што ме остави, разбирам дека семејството му беше на прво место“, рекол Роберт и додал дека по погребот не се слушнал со сопругата и со децата на својот татко. „Болката е голема, но јас никогаш не сум бил во контакт со сопругата на татко ми и со неговите деца“, додал тој. 

Покојниот Шаулиќ за прв пат прозборе за вонбрачниот син пред четири години.

„Го направив во младоста, тој не е дете од љубов. Искрено, никогаш не сум направил тест за да докажам дали тој навистина е мој син. Сепак, плаќав алиментација до неговата 18 година но не го гледам“, изјави Шаулиќ тогаш.