Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Вчеравечер, во новоотворениот ресторан SushicoZen во Diamond Mall се одржа промоција и дегустација на уникатна колекција на вина кои за македонскиот пазар ги увезува компанијата Алхемист.

Посетителите на овој настан имаа можност да слушнат повеќе информации за италијанските и француски винарии, производители на овие вина – Valdo, Peyrassol, Dezzani, La Scolca, Rocca, Louis Latour, Tenuta Casenuove како и екслузивна можност за дегустација на истите во комбинација со гастрономско уживање подготвено од ресторанот SushicoZen.

Компанијата Алхемист покрај останатото е и екслузивен дистрибутер на престижната винарија од Франција Chateau Peyrassol за Македонија, Хрватска и Турција, а вчеравечер специјален гостин беше претставник од винаријата Peyrassol, Карим Чаувин, кој ги запозна посетителите на настанот со историјата и работењето на винаријата.

Chateau Peyrassol е винарија лоцирана во Прованса – еден од најубавите предели за производство на pозе вино во светот, а за време на дегустацијата посетителите имаа можност да пробаат едно од 5те најубавирозе вина според листата на престижниот магазин Wine Enthusiast US.

Претставниците на компанијата Алхемист најавија екслузивни договори за соработка и со италијанските винарии Valdo, Dezzani и Rocca како и проширување на портфолиото на вина од овие, но и од другите винарии со кои соработува компанијата.

Вината од оваа внимателно избрана, уникатна колекција може да ги најдете во повеќе познати угостителски објекти како: Ресторан Два Елена, Ботаника, Oeno Bar,  ресторан Дукат, Јавор Мрзенци, Воденица, Intermezzo Music Bar, SushiCo, Радио бар, во малопродажба во WineBerry Bistro and Shop, Liquor store Biblioteka, Wine.mk_store, Finewine или да нарачате преку Instagram профилот на компанијата Alchemist_mk.