Кои фолкери ќе спечалат најмногу за Нова година?
Кои фолкери ќе спечалат најмногу за Нова година?

Кои фолкери ќе спечалат најмногу за Нова година?

Во пресрет на новогодишните и на божикните празници, македонските фолк-пејачи повторно тријат раце. Додека поголемиот дел артисти од забавната сцена сè уште чекаат повик од локалните кафулиња и дискотеки и се надеваат на некој пристоен хонорар за најлудата ноќ, „народњаците“ одамна се испазарија. Некои се фатија за микрофон уште на почетокот од месецов, а други допрва ќе ги пакуваат куферите.

Се предомисли или добро се испазари?: Наум лани изјавуваше дека турнеите во прекуокеанските земји не се исплатливи како порано

Благоја Грујовски и Наум Петрески Нова година и Божик ќе слават во Америка. Докажаните интерпретатори договорија заедничка турнеја во повеќе градови во САД. Заминуваат на 22 декември, а дома ќе се вратат дури на 12 февруари. Петрески за мај 2018 година договори и заедничка турнеја со сопругата Зуица Лазова во Австралија, иако лани изјавуваше дека токму турнеите во прекуокеанските земји не се исплатливи како порано и дека истиот хонорар може да го добие и овде. Во истото обраќање тој ги прозва своите колеги дека наместо на концерти, пеат на игранки по маси и столови за да соберат некој денар повеќе бакшиш. За разлика од него, Грујовски во повеќе наврати нагласи дека токму дијаспората ги одржува македонските пејачи во живот.

– Сцената ни е во очајна состојба и комерцијалните медиуми кои се финансираат од државни реклами бегаат од македонската музика како ѓавол од крст. За среќа, Македонците од дијаспората сè уште се големи љубители на нашата песна–изјави тој во едно интервју.

СЈО ќе почека да се врати: Фронтменот на „Молика“ со сопругата Анета

Откако неговото име се најде на списокот осомничени во случајот „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство, јавноста дозна за големата австралиска турнеја на Џими Мицевски, водачот на битолската група „Молика“ и сопруг на познатата вокалистка Анета Мицевска. Познатата естрадна двојка има договорено настапи до средината на јануари во Перт, Сиднеј, Волонгонг и во Мелбурн каде се ангажирани за новогодишната ноќ во „Гранд ресепшн“. Мицевски им изјави на медиумите дека ако ја откаже турнејата ќе плаќа пенали, сума не помала од 50.000 долари. Анета и Џими редовно гостуваат кај нашинците во Австралија.

– Веќе се чувствуваме како дома, бидејќи имаме роднини низ сите градови. Топло нè пречекуваат, нашите концерти се секогаш полни – изјави пејачката за сателитскиот канал „ИН ТВ“.

На истиот континент новогодишните празници ќе ги помине и Адријана Кеш во придружба на инструменталистот Гоце Костовски – Пејак. Во моментов на другата страна на светот е и Дамјан Стојаноски, синот на легендарниот интерпретатор Војо Стојаноски. Младиот пејач и инструменталист договори повеќе настапи во Мелбурн и во Сиднеј со „Соната бенд“ и Влатко Велјаноски на гајда.

За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов

Create Account



Log In Your Account