Бурек кој секогаш успева...а подобар е од секоја пекара

Денес, неделно со вас споделуваме идеја за ручек. Превкусен бурек.

Се што ви треба е:

-500 гр тенки кори за бендер

-350 гр мелено месо по избор

-2 главици црвен кромид

-сол

-бибер

-масло и вода за да се натопат корите

Подготовка:

Исечкајте го црвениот кромид и пропржете го во тава со малку масло.

Додадете го месото и динстајте околу 15 минути.

Добро посолете и побиберете

Во сад подгответе вода измешана со масло.

250 ml вода и 50 ml масло

Плехот за бурек подмачкајте го со масло и на дното ставете 3 кори.

Остатокот од кората искинете го на парчиња и наредете ги, а потоа посипете ги со вода и наизменично додавајте го месото додека не ги потрошите сите кори и месо.

(оставете малку вода да се премачка одозгора)

Кога ќе го искористите сето тоа, преклопете ги останатите кори од дното и посипете ги со преостанатата вода.

Печете околу 40 минути на 180 степени.

Кога ќе се испече, обрнете го и по 15 минути исечете го на парчиња по ваш избор.

Пријатен апетит.


фото: јутјуб принтскрин