Експертите откриваат: Што ќе се случи во нашето тело ако не консумираме шеќер една недела


Експертите постојано предупредуваат за штетното влијание на шеќерот врз здравјето.

За среќа, не е сè изгубено - Ако сте решиле да се посветите на себе и да почнете да се храните поздраво, ќе забележите значителни промени по само една недела – а тоа е само затоа што не консумирате шеќер.

Шеќерот, како што знаеме, не се наоѓа само во десертите и слатките. Можеме да го најдеме и во кечапот, конзервиран зеленчук, житарки, леб, па дури и месни деликатеси и готови солени оброци. Шеќерот од една страна е извор на енергија кој ни помага полесно да го надминеме стресот, додека од друга страна е тригер за разни болести, повеќе или помалку опасни, особено ако се консумира често и во големи количини. Што се случува во нашето тело ако избегнуваме храна која содржи шеќер само една недела?

Одговорот на ова прашање го дадоа научниците, а заклучоците од истражувањето ги објави порталот Pronjuz.

Нашата кожа ќе каже „благодарам“

Една од промените што ги истакнаа научниците е поврзана со нашиот изглед. Имено, структурните протеини и колагенот се многу важни за квалитетот на нашата кожа, а во процесот на гликација, кога гликозата се комбинира со колаген и еластин, кај нив се случуваат големи промени. Овие промени се одговорни за стареењето.

„Со намалување на внесот на шеќер, можеме да ги забавиме хроничните воспалителни процеси поврзани со стареењето“, велат научниците.

Ќе бидеме посреќни и поенергични

Иако на самиот почеток може да се случи да бидеме малку повеќе раздразливи, по една недела нашето тело речиси целосно ќе се навикне на новата, поздрава исхрана која вклучува отсуство на шеќер. Покрај тоа, ќе бидеме помалку троми, а количината на енергија во текот на денот ќе биде постабилна.

„Всушност, внесот на шеќер е поттик за депресија“, изјавија научниците, поврзувајќи го со воспалителни процеси предизвикани од вишокот шеќер во телото.

Ќе ги забележиме и првите промени во телесната маса

По само една недела диета без шеќер, ќе бидат забележливи првите промени во телесната тежина, односно ќе дојде до првото губење на несаканите килограми. Со урамнотежена исхрана и умерена физичка активност може да се „стопи“ 1 килограм маснотии за само една недела, што е сосема задоволително и секако поздраво од наглото слабеење.

„Реално е дека резултатите се видливи по само една недела доколку шеќерите целосно се исфрлат од исхраната“, уверуваат експертите.