Конечно слета: Тамара Тодевска меѓу своите најблиски

Со неколкучасовно задоцнување поради силен јужен ветер, авионот со кој Тамара Тодевска и нејзиниот тим патуваа од Израел конечно слета на скопскиот аеродром.

Нашата евровизиска претставничка конечно е меѓу своите. Ја дочекаа сопругот Александар Димитровски, ќерката Хана, родителите, многу нејзини пријатели и обожаватели. Меѓу присутните е и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. 

- Отидовме, видовме, победивме. Извенете што не чекавте долго, не беше до нас. Ова е резултат на тимска работа, на многу љубов, на многу посветеност. Работевме три месеци. Добро поминавме, иако очекувавме и повеќе. Многу сум среќна што се обединивме. Сега кога ќе се спомне Македонија нема да им биде сеедно - им се обрати Тамара на присутните.